-->
-->
ЕП - Хрватска 2018: Раул: Посакувам само да одиграме добар натпревар
-->
Македонската ракометна репрезентација претпладнево во „Арена Загреб“ го одржа првиот тренинг и единствен тренинг пред дуелот со утре со Словенија во „Арена Загреб“. Во полн состав со сите 19 играчи селекторот Раул Гонзалез работеше во подготовка на утрешниот дуел.
- Секако дека првиот натпревар е најважен. Посакуваме победа за да можеме добро да почнеме на првенството. Ова што досега го работевме беше само пријателски натпревари и тренинзи, сега следува вистинското. Словенија е освојувач на медал на последниот светски шампионат (трето место). Посакувам само да одиграме добар натпревар, изјави селекторот Гонзалез.
За конечниот список од 16 играчи селекторот Раул Гонзалез ќе се изјасни на техничкиот состанок што е закажан за вечерва во 20 часот.
Натпреварот Македонија – Словенија се игра утре со почеток во 19:30 часот во „Арена Загреб“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење