ЕП - Хрватска 2018: Миркуловски неизвесен кај Македонија, Симиќ се враќа на голот на Црна Гора
Утре во Арена Загреб во вечервиот термин од 20:30 часот ќе се игра втоприот дуел од 2.коло од Ц групата Македонија - Црна Гора. нашите ракометари со два бода ќе влезат во овој дуел, но Македонија на овој дуел може да настапи хендикепирана. Од дуелот со Словенија на повреда на зглобот се пожали Филип Миркуловски. Неизвесно е колку ќе може тој да игра.
- Имам оток на зглобот, тоа ми е хронично, го имав и порано. Вчера лошо доскокнав и ми отече зглобот. Мислам дека утре ќе биде се во ред, изјави Миркуловски.
Одлуката за настап Раул ќе ја донесе непосредно пред дуелот, а неизвесноста ја потврди и селекторот Раул Гонзалез.
Можно е во таборот на Црна Гора да се врати голманот Небојша Симиќ, кој се повреди на неколку дена пред шампионатот.
- Тренингот помина добро. Јас ум добар и последната одлука ќе ја донесе селекторот Ѓукиќ. Тој треба да одлучи, изјави Симиќ.
За евентуалниот настап Ѓукиќ истакна дека го радува фактот што играчот е добар.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација