Ракомет
24. January 2018 - 20:35

ЕП - Хрватска 2018: Миркуловски: Ако победевме со Чешка се ќе беше поинаку

Капитенот на денешниот дуел Филип Миркуловски по дуелот со Данска истакна:
 
-   Натпреварот со Чешка ако го победивме се ќе беше поинаку. Тоа е спортот. Младите беа солидни и вчера имаа одлична партија и ние поискусните знаеме да грешиме.  Имаме светла иднина, треба да им се даде шанса. Треба да бидеме задоволни од тоа што тие го покажаа.