Ракомет
17. January 2018 - 10:24

ЕП - Хрватска 2018: Македонија против европскиот првак за прво место во групата

Македонија попладнево во Арена Загреб го игра дуелот од 3.коло од групата Ц на ЕП против европскиот првак Германија. Ова е натпревар за првото место во групата откак двете селекции по двете старни кола немаат пораз. Македонија е лидер со 4 бодови, додека Германија има бод помалку.

- Имаме два од два и ќе играме без еуфорија. Минавме два тешки натпревара. Германија е апсолутен фаворит. Одбраната ќе биде главна на овој дуел и мора да биде доволно агресивна, истакна Стојанче Стоилов.

За крилот Гоце Георгиевски, како и за сите во нашиот табор секој натпревар е важен:

- Ваков резултат од две победи на старт на некое натпреварување сме немале. Одигравме два тешки натпревара, а сметам дека можеме до поволен резултат.

Во нашиот состав атмосферата е добра, а меѓу навивачите таа е одлична и се очелува резултат со кои нашите ракометари како првопласирани би продолжиле во следната фаза. Тоа значи дека и со нерешен резултат Македонија ќе биде прва, но во тој случај ќе пренесе помалку бодови во следната фаза. Со колку бодови ќе продолжиме во групата во Вараждин ќе знаеме по нашиот дуел со Германија.
Во нашата селекција ќе има и една промена на местото на Филип Лазаров, кој има повреда на листот на мускулот ќе настапи Велко Маркоски.
Македонија со Германија досега има одиграно четири натпревари и имаме четири порази (три на СП и еден на ЕП).
Дуелот Македонија - Германија ќе го судат белоруските судии Гуско и Репкин.