Ракомет
11. January 2018 - 11:17

ЕП - Хрватска 2018: Македонија пристигна во Загреб

Македонската ракометна репрезентација претпладнево пристигна во Загреб каде ги игра дуелите од Ц групата на ЕП во Хрватска, кое почнува утре.
 
Нашата репрезентација попалднево ќе го има и првиот тренинг во „Арена Загреб“, додека за утре се предвидени два тренинзи. 
 
Избраниците на селекторот Раул Гонзалез ќе имаат помош и од трибините бидејќи има најава дека две илијади Македонци ќе ја бодрат репрезентацијата.
 
Караванот на македонските навивачи од Македонија се очекува да тргне во текот на утрешниот ден, додека македонски фанови ќе има и од европските држави, кои се присутни на речиси сите големи натпревари каде играат македонските спортисти.