Ракомет
19. January 2018 - 18:17

ЕП - Хрватска 2018: Македонија ќе има своја фан зона и во Вараждин

Исто како и во Загреб македонските навивачи и во Вараждин ќе имаат свое место на собирање пред и по натпреварите што ќе се играат во овој град. Стартот на забавата во фан зоната во Вараждин ќе биде во 17 часот на 21.јануари (недела), додека дуелот со Шпанија почнува во 20:30 часот.
Во Загреб фан зоната беше во „Роко“ клуб, а сега адресата на случување е „Капучински трг 10“.
Овој пат станува збор за „шатор“ сличен каков што беше во овој град во 2009 година на Светското првенство.