Ракомет
22. January 2018 - 18:52

ЕП - Хрватска 2018: Лазаров на прегледи во Загреб, репрезентацијата тренира во Вараждин

Првиот пораз на македонските ракометари во Вараждин ги донесе и првите проблеми и главоболки. Не боли поразот од Шпанија, туку фактот што може до крајот на првенството да останеме без капитенот Кирил Лазаров. Тој вчера на дуелот со шпанија се повреди во 11.минута, а денешниот ден го мина во Загреб на лекарски прегледи. Неизвесноста е присутна и натаму се чекаат деталните анализи и тоа дали тој ќе може да биде на располагање на селекторот раул гонзалез. 
Самиот Лазаров напомена дека неизвеснота е присутна и дека повредата на задната ложа може да биде непријатна. Претседателот на РФМ Живко Мукетов истакна дека се прават максимални напори Лазаров да биде подготвен за игра, но и дека атмосферата е добра и дека ако остатокот од тимот даде максимум независно од составот со кој ќе игра македонија има шанси за позитивен резултат.
Од настапите на македонија за одбележување е и тоа што голманот Никола Митревски е прв со 42% одбранети удари. 
Големата армија навивачи дава масимална поддршка на репрезентацијхата со желба поразот од Шпанија да остане само еден лош ден. Новиот противник е Чешка, селекција против која играме често последните години, а имаме победи и порази. Нашите репрезентативци во овие моменти тренираат во Свети Мартин местото каде што се сместени и се подготвуваат за утрешниот дуел што почнува во 20:30 часот. За полуфинале на Македонија и се потребни две победи, а во групата прва е Данска со 6 бодови, Шпанија и Германија имаат по 4, Македонија има 3, Чешка 2 бода, а Словенија 1. 
Утре во Вараждин пред дуелот Македонија – Чешка ќе играат Словенија и Шпанија (почеток 18:15 часот).