Ракомет
19. January 2018 - 18:06

ЕП - Хрватска 2018: Крстот во Загреб за Симонов

Верни на традицијата македонските навивачи и на овој 19.јануари го прославија христијанскиот празник Богојавление - Водици. Празничната литургија и традиционалното фрлање на крстот се одржа во Македонската православна црква „Свети Злата Мегленска“.
Најсреќен беше Петар Симонов, кој успеа да го фати крстот.
На литургијата присуствуваше и раководството на Ракометната Федерација на Македонија, како и дел од македонските навивачи. Протоереј Кирко Велински свечената црковна литургија овој пат ја збогати и со благослов за нашите ракометари кои веќе се во Вараждин за втората фаза од ЕП во Хрватска, посакувајќи им здравје и среќа да продолжат да му носат радост на македонскиот народ со нови успеси.
Благодарност Протоереј Велински упати и до генералниот директор на Алакалиод Живко Мукаетов, која дава помош за изградбата на Македонската православна црква во Загреб.