Ракомет
20. January 2018 - 22:35

ЕП - Хрватска 2018: Голманите донесоа победи за Франција и за Хрватска

Репрезентациите на Франција и на Хрватска постигнаа победи на денешните дуели од групата 1 што се игра во Загреб. И на двата натпревара најдобри на теренот беа голманите. На натпреварот Франција - Шведска францускиот голман Винсен Жерар имаше 19 одбрани во победата на Франција над Шведска со 23:17.

Во вториот вечерашен дуел Хрватска бодрена од 15.000 навивачи ја совлада Норвешка со 32:28. Голманот на Хрватска Стевановиќ дуелот го заврши со 14 одбрани.
Франција е прва во групата 1 со 6 бодови и за пласман во полуфиналето потребна и е победа над Србија во понеделник. На делба на втората позиција се Шведска, Хрватска и Норвешка се со по 4 бодови, додека Белорусија и Србија се без бодови.