Ракомет
15. January 2018 - 16:32

ЕП - Хрватска 2018: Георгиевски: Црна Гора има одлични бекови

Ракометарите на Македонија со победа го почнаа учеството на Европскиот шампионат во Хрватска. Со нов триумф против Црна Гора вечерва нашите ракометарите ќе го обезбедат пласманот во следната фаза.
- Црна Гора на отворањето не одигра добро, тие можат и знаат да играат подобро. Неиграњето на Борозан е проблем за нашиот денешен противник, во чии редови има и други добри бекови. Клучно е да се запрат нивните бекови, тука мислам на Липовина. Воедно не смееме да им дозволиме да имаат серија голови. Ова е многу важен натпревар, дека имаме квалитетен и незгоден противник. Ние веќе ја заборавивме Словенија, а мислиме само на Црна Гора, изјави Георгиевски.
Проблем за нашата репрезентација може да претставува повредата на Филип Миркуловски и неизвесен е неговиот настап. Последниот збор ќе го има лекарскиот тим заедно со стручниот штаб.