Ракомет
17. January 2018 - 14:08

ЕП - Хрватска 2018: ЕХФ ја одби жалбата на Словенија

Апелационата комисија на ЕХФ ја отфрли жалбата на словенечката ракометна федерација против претходната одлука на првостепениот орган, Дисциплинската комисија.
 
Второстепениот орган ја потврди одлуката на комисијата да го потврди конечниот резултат на натпреварот Словенија - Германија 25:25.
 
Панелот потврди дека одлуката на судиите била заснована на нивните согледувања на фактичката состојба и дека на судиите им било дозволено да ја користат видео-помошта. Оттука, одлуките на судиите се конечни и жалбата е отфрлена.