ЕП - Хрватска 2018: „Црвената фурија“ нов предизвик за македонските ракометари
Македонија вечерва против европскиот вицепрвак Шпанија ги продолжува натпреварите на Европското првенство. Вараждин е ново место каде нашите ракометари ќе се обидат да ја продолжат серијата без пораз. Дилеми веќе нема по успешните игри и резултати сите мисли се свртени кон полуфиналето. Начинот на играта на двете селекции е речиси ист, а тоа го потенцираат и од нашиот табор.
Со „црвената фурија“ имаме одиграно пет натптревари и имаме пет порази, но негативна серија имавме и со Германија која тука ја прекинавме. Ланскиот дуел во Мец (25:29) беше можеби и најдобриот против шпанскиот состав, равноправни бевме 50-тина минути, а им „продадовме“ и неколку „фини“ голови.
Едно е сигурно дека и во Вараждин како и во Загреб македонските навивачи ќе бидат од голема помош за избраниците на селекторот Раул Гонзалез.
Во составот на Шпанија за овој дуел се враќа Агинагалде, место Гони, додека и селекторот на Македонија Раул ја направи очекуваната промена во составот, вратен е Филип Лазаров место Никола Маркоски. Дуелот во Вараждин Арена почнува во 20:30 часот, а ќе го судат белоруските судии Гуско и Репкин.
Во терминот од 18:15 часот се игра дуелот Германија - Данска.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите