-->
-->
ЕП – Хрватска 2018: Циндриќ: Македонските навивачи покажуваат како треба да се навива
-->
На вечерашниот дуел Хрватска – Белорусија домаќинот победи со 25:23, а клучниот гол за победа под пасивен напад го постигна „вардарецот“ Лука Циндриќ, кој дуелот гоза врши со 4 голови.
За настапите на Македонија на овој шампионат тој изјави:
- Ги следев сите натпревари на телевизија и Македонија е навистина изненадување. Им честитам на играчите и на Раул. Покажаа голема борбеност и сосема заслужено се таму. Треба да бидат среќни со првото место. Македонија одигра одличен натпревар со Германија, имаат одлични шанси и со Шпанија и со Данска. Имаат одлична игра и ширина, а тука се и Кузмановски и Талески. Како и секогаш македонските навивачи ги има во голем број и навистина е убаво да се видат полни трибини. Тоа покажува дека Македонија е ракометна земја. Воедно покажаа како е да се навива за својата татковина, со таква публика и на играчите им е полесно да играат со „ветар во грб“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто