Спорт плус
5. February 2016 - 10:30

ЕП Футсал: Словенците елиминирани

Во рамките на А-групата на ЕП во футсал нов пораз на селекцијата на Словенија и тоа убедлив од Португалија со 6-2. Откако преходно загубија и од селекцијата на Србија ова за Словенија значи елиминација од шампионатот. 

Првенството заврши и за селекцијата на Унгарија која е поразена по вторпат на првенството и тоа од селекцијатана Украина со 6-3.
Украина и Шпанија во оваа група имаат по три бода и во директен дуел ќе се борат за првото место. 
Вечерва се играат дуелите Хрватска - Казахстан и Азербејџан - Чешка.