ЕП - Б дивизија (У_16): Прва победа - совладана Норвешка
Женската кадетска кошаркарска репрезентација над Македонија (кошаркарки до 16 години) синоќа на Европското првенство Б дивизија што се игра во Орадеа ја постигна првата победа во групата Д. Совладана беше селекцијата на Норвешка со 53:37 (16:6; 12:10; 6:13 и 19:8). Во првите две кола нашите кошаркари убедливо беа поразени од од Полска и од Белгија. Попладнево Македонија во последниот натпревар од групата ќе игра против домаќинот селекцијата на Романија.
Избраничките на селекторот Анета Глигорова победата ја навестија со подобрата игра од ривалот во првиот дел кога остварија и водство од 28:16. Во третиот период Норвешанките намалија на 34:29, а последниот период повторно и припадна на Македонија за конечен триумф – 53:37.
Најефикасна во нашата репрезентација беше Тијана Митрева со 19 поени.
На чело на табелата во групата е Полска со скор 4-0 (победи-порази), Романија 2-1, Белгија 1-2, Македонија 1-2, Норвешка 0-4.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители