Кошарка
3. August 2016 - 10:57

ЕП - Б дивизија (У-18): Македонија против Кипар на втора победа

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 18 години) вечерва го игра натпреварот од 5.коло од А групата од Европското првенство Б дивизија што се одржува во Скопје. Противник на Македонија е селекцијата на Кипар.

Двете репрезентации имаат по една победа (над Република Ирска) и по три порази. Победникот од овој натпревар ќе го освои 4.место во групата и ќе разигрува за пласман од 9-16.место.

Македонија во 4.коло беше убедливо поразена од Полска 104:66, додека Кипар загуби од Бугарија со 82:67.

Во групата А на чело на табелата е Унгарија со скор 4-0 (победи-порази), пред Бугарија и Полска кои имаат по 3-1, Македонија и Кипар имаат биланс 1-3, а Р.Ирска 0-4.

Натпреварот Македонија – Кипар се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:45 часот, а претходно е дуелот Унгарија – Бугарија, а потоа играат Полска и Република Ирска.

Во другите групи на чело со четири победи без пораз се селекциите на: Црна Гора (Б група), Чешка (Ц група) и Грузија (Д група).