Loading Video...
Ракомет
9. January 2020 - 19:46

ЕП 2020: Без Томовски и Серафимов против Украина

 
Македонската ракометна репрезентација својот прв настап на ЕП во Австрија, Шведска и Норвешка го има утре во Виена против селекцијата на Украина. 
Мечот се игра со почеток во 20.30ч а селекторот Данило Брестовац денеска го скрати списокот уште за 2 имиња Серафимов и голманот Томовски. 
Овие двајца нема да бидат во комбинација само за утрешниот меч со Украина додека во зависност од потребите на селекторот може да бидат во комбинација за дуелите со Австрија и Чешка.