Фудбал
13. May 2016 - 12:48

ЕП 2016: Франција и Германија први фаворити

Домаќинот Франција, според обложувалниците е најголемиот фаворит за освојување на титулата на Европското првенство, прво на кое ќе учествуваат 24 репрезентации.
 
Според обложувалниците двократниот европски шампион (1984, 2000) Франција е топ фаворитот за титулата со коефицент 4. Веднаш зад „триколорите“ е селекцијата која е актуелен светски првак, Германија (4,5).
 
Зад Франција и Германија, според обложувалниците се Шпанија (6,50), која ќе ја брани титулата, Англија (9), Белгија (12), Италија (17), Португалија (22), Хрватска (26).
 
Како најголеми аутсајдери обложувалниците, според коефициентот, ги сметаат Северна Ирска (250), односно Албанија (201) и Унгарија (201).