Фудбал
20. јуни 2016 - 9:35

ЕП 2016: Албанија со шанси за нокаут фазата?!

Дебитантот на ЕП Албанија против Романија ја забележа историската прва победа на големите натпреварувања.Во Лион, единствениот гол го постигна Садику, по центаршутот на Маврај во 44-та минута.
 
Албанците имаат три бода во оваа група и го чекаат расплетот од групите Б и Ф за да како третопласирана селекција минат во осмина-финалето  каде би го добиле за противник победникот од Ф-групата.