Кошарка
14. September 2015 - 9:53

EП 2015: Познати термините за четвртфинале

ФИБА Европа ги објави сатниците за четвртфиналните натпревари на Европското првенство чија завршница се игра во Лил, Франција. Најпривлечниот натпревар во оваа фаза ќе го одиграат вицепрвакот на Европа Шпанија и Грција, која сè уште нема пораз на првенството.
 
Покрај мечот Шпанија-Грција неизвесност се очекува и на пресметката помеѓу Италија и Литванија, додека според реномето Франција е фаворит против Летонија, како и Србија во дуелот со Чешка.
 
Четвртфинале, распоред:
 
вторник, 15.септември:
 
Грција-Шпанија (18.30 ч)
 
Франција- Летонија (21 ч)
 
среда, 16.септември:
 
Србија-Чешка (18.30 ч)
 
Италија-Литванија (21 ч).