Кошарка
13. September 2015 - 20:18

EП 2015: Италијаните со +30 во четвртфинале

Репрезентацијата на Италија е 7. учесник во 1/4 финалето на ЕП во кошарка откако во дуелот со Израел славеше убедливо со 82-52  што е најубедливата победа досега во оваа фаза од шампионатот. 

Најдобар играч на теренот беше Џентиле со 27 поени додека кај Израелците се истакна Мекел со 20. 
Противник на „Азурите“ во 1/4 финалето ќе биде победникот од дуелот Грузија- Литванија кој се игра вечерва. 
Во останатите четвртфинални средби Франција ќе игра со Летонија, Шпанија против Грција и селекцијата на Србија со Чешка.