Кошарка
7. September 2015 - 7:56

ЕП 2015: Грција славеше против Хрватска

Во дербито од Ц-групата селекцијата на Грција славеше во драматичен меч против Хрватска со 72-70.

Хрватите пред својата публика во Загреб водеа се до 36м и тоа со дури 10 поени разлика во неколку наврати  но во финишот Грција предводена од извонредниот Спанулис успеа да дојде до прво водство од 70-67 и да оствари победа откако Симон не го реализира ударот за три поени. 
Симон беше најефикасен на мечот со 17 поени, поен повеќе од Спанулис.