Џет-Сет
11. February 2020 - 10:48

Енрике третпат стана татко: Се породи Ана Курникова!

Неодамна се појави веста дека поранешната руска тенисерка Ана Курникова и латино пејачот Енрике Иглесијас го чекаат своето трето дете, a сега е соопштено дека убавата Ана веќе се породила.

Убавата вест ја потврди братот на пејачот, Хулио Иглесијас, гостувајќи во една радио емисија.

Водителот го прашал дали е вистина дека третпат ќе стане чичко, на што Хулио одговорил: Веќе станав!

Хулио не сакал да го открие полот на бебето, истакнал само дека тоа засега е тајна.

Енрике Иглесијас и Ана Курникова добија близнаци, Луси и Николас во декември 2017 година, а раѓањето на двете деца ја изненади јавноста бидејќи никој не ни знаеше дека поранешната тенисерка е бремена.