Бизнис
8. јуни 2020 - 19:30

Енергетските компании бараат покачување на цената на електричната Енергија

Енергетските компании бараат зголемување на цената на струјата, велат од регуалторната комисија за енерегтика. Тие веќе  ги доставиле пресметките за трошоците до РКЕ, но од комисијата имаат забелешк и ќе бараат да им бидат доставени подетални потадоци. Велат дека поради кризата со вирусот енергетските компании имаат намалени  приходи  и трошоци и  во следните денови ќе се разгледува дали е оправдано  нивното  барање за зголемување.  Нова корекција на цената  треба да има кон крајот на месецов , но поради  ситуацијата  можно е тоа да се пролонгира.

Регулаторна ги објави и новите повисоки цени на горивата. Еуросупер 95 ката и дизелот поскапуваат за еден денар, а цената на 98 цата и екстра леното масло за домаќинство  се зголемуваат  за денар и половина. Од РКЕ велат за да се намали акцизата цената на дизелот треба да биде околу 60 денари за литар, а на бензините околу 70 денари.

Инаку утре ќе се одржи состанок на регулаторните тела на ЕЕЗ со кој ќе председава првиот човек на  макеоднската регулаторна комисија.  Фокусот ќе биде справувањетро на регуалторите со последиците од  кризата со вирусот. Во зиминатиот период и поркај пандемијата имплеметнирани се сите обврски од новиот закон за енерегтика. Од РКЕ велат дека   до почетокто на идната година ќе се спојат  макеоднската и бугарската берза за струја, а очекуваат подоцна да се вклучат и дргуите земји од регионот.