Свет
15. February 2017 - 14:20

Енда Кени се соочува со гласање за недоверба во ирскиот Парламент

Ирскиот премиер Енда Кени се соочува со гласање за недоверба во Парламентот во Даблин, откако опозицијата побара од него да даде објаснување за скандалот со еден полицаец кој неколку години е изложен на жестока кампања и јавна дисквалификација, затоа што откри во јавноста корупција во високите полициските редови.

Подолго време, Кени е под силен притисок од медиумите и од политичките противници, да открие колку знае за „неоснованите клевети обвинувања“ за полицискиот наредник Морис Мекејб, само затоа што го има откриено скандалот со корупцијата.

Ирскиот премиер дури вчера вети јавна истрага за целиот случај, откако беше јасно дека опозицијата покрена и успеа да се избори за гласање за недоверба на Кени и на неговата влада.

Доколку Кени на ја добие довербата на пратениците, во Ирса ке се одржат предвремени парламентарни избори.

Целата афера е почната уште пред десетина години, кога Мекејб бил казнет од своите шефови, па откако казната била поништена, била „пуштена афера„ дека тој е педофил и дека извршил напад врз шест годишно момче.

Истрагата открила дека ништо од тоа не е точно и дека Мекејб е невин, но овој случај и обвинувањата за неговата „настраност„ почнале повремено да се појавуваат во јавност, преку дотурени доверливи информации во медиумите, по 2012 година, кога полицаецот укажал на полициската корупција.

Мекејб открил дека високи полициски функционери им ги бришат казните за сообраќајни прекршоци на „добро познати“ личности во ирската јавност, меѓу кои имало и доста политичари.

Сите години, полицијата се брани дека нема никакво кривично дело во случајт за кој е подигната голема врева во домашната јавност.

Полицаецот Мекејб кого го означуваат како „шептач“ редовно бил означен како невин во сите обвинувања за неговата наводна педофилија, а од полицијата и од специјалната агенција за заштита на децата се оправдувало дека „старите обвинувања грешно се објавени“.
Опозицијата сега бара целосно објаснување за што навистина станува збор, отривање на оние кои биле покривани од полицијата и одговорноста од владата што толку долго по „покривала“ скандалот.