Свет
17. May 2017 - 21:46

Енда Кени најави оставка на функцијата претседател на партијата

Ирскиот премиер Енда Кени денеска соопшти дека се повлекува од функцијата претседател на партија „Фина Гаел" Со тоа почнува рката за претседателското место, која ќе заврши на 2 јуни, со изборот на наследникот на Кени.

Претходно ирскиот премиер најави дека нема да биде на чело на „Фина Гаел" на парламентарните избори на крајот на следната година. Кени изјави дека ќе продолжи да ја врши својата функција на премиер, додека трае трката за претседателското место во партијата.

Очекувањата се дека ирскиот премиер, кој е на функцијата од 2011 година и ја води партијата речиси 15 години, ќе биде заменет од помлад свој сопартиец, најверојатно од министерот за социјална заштита Лео Варадкар кој е фаворит на  според обложувалниците или од министерот за животна средина, заедниците и локалната самоуправа Сајмон Ковини.

Сопартијците на Кени не се задоволни од тоа како тој раководи со партијата и тврдат дека неговото останување на лидерската и на премиерската позиција придонесува за намалување на рејтиног на Фина Гаел кај ирските гласачи.

Кризата во односите на премиерот и неговата партија настана откако Кени беше обвинет дека „не се снаоѓа“ во разрешувањето на низа скандали во ирската полиција.

Премиерот се обвинува дека се обидува да ја „забошоти“ корупцијата во врвовите на полицијата, не реагирајќи „соодветно“ на откритието на еден „шептач“ во полициските редови за тоа дека во скандалот се вмешани и највисоки полициски функционери.

Според ирските медиуми, наместо брзо да се разреши целата афера и да се казнат виновниците, владата и премиерот Енда Кени повеќе се занимавале со „шептачот“ и со тоа како да се неутрализираат неговите откритија.