Џет-Сет
10. May 2016 - 10:27

Ен Хатавеј е на строга диета, веќе ослабе 20 килограми

Актерката Ен Хатавеј (33) кон крајот на март го роди првото машко дете Џонатан. Иако во бременоста насобра многу килограми, Американката веќе ја покажа фигурата.

Медиумите наведуваат дека досега таа изгубила 20 килограми.

- Јас сум долгогодишна вегетаријанка. Подготвувам само храна од растително потекло со минимална термичка обработка, рече Ен. Актерката од 2012 година е во брак со колегата Адам Шулман (35).