Живот
14. јуни 2017 - 15:48

ЕМОТИВНИ СЦЕНИ: Мајката на Дражен Петровиќ конечно ја запозна девојката која била во автомобилот кога загина нејзиниот син

Желба ми е да дојдам во Истанбул и да ја запознаам кошаркарката која била со Дражен во автомобилот, кажала Бисерка Петровиќ и набрзо ја запознала Хилал Едебал, девојката која била третата личност во црвениот Голф.
 
Поранешната девојка на покојниот кошаркарски Моцарт, Клара Шаланти, никогаш после несреќата не дала изјава за медиумите. Големата болка како да одлучила засекогаш да ја заклучи во себе.
 
По несреќата се омажила за Оливер Бироф и продолжила со нормалниот живот. Но, таква можност немала и Хилал Едебал, поранешната турска кошаркарка, која била со Клара и Дражен во кобниот црвен Голф. Таа доживеала тешки телесни повреди и животот после несреќата никогаш не и бил ист. Пробала и да се самоубие.
 
Мајката на Дражен, Бисерка Петровиќ изразила желба да ја запознае.
 
-Желба ми е да дојдам во Истанбул и да ја запознаам кошаркарката која била со Дражен во автомобилот, кажала Бисерка.
 
Желбата и ја исполнила телевизиската куќа „TRT World“. Нивната новинарка Семра Хантер ја однела Бисерка во Истанбул, каде се сретнала со Хилал. Целото видео е доста емотивно. Моментот каде тие две се сретнаа и спонтано се прегрнаа, погледнете го од 10:10 па понатаму.
Ниту таа самата не знаела дека била во автомобилот со можеби најдобриот европски кошаркар во историјата. Сударот и оставил трајни последици на мозокот, предизвикувајќи амнезија поради која има големи дупки во сеќавањето, нервни удари и проблеми во однесувањето.
 
-Зошто Петровиќ, човек со таков статус и богатство, морал да патува од Германија во Загреб баш со автомобил, а не авион? Зошто баш јас морав тогаш да бидам во Германија, се некои од прашањата кои со години ја мачеле сега 47 годишната жена.
 
-На крајот, дали Дражен помина подобро од мене? Би било ли подобро да не преживеев?
 
Хилал тргнала на терапии, долго време поминувала на лечење.
 
-Ми беше доста тешко. Долго време бев на терапии. Во потполност го загубив памтењето. Не препознавав ништо во Минхен, градот во кој израснав. Каде и да отидев, родителите мораа да ме враќаат назад.
 
Колку и било тешко покажува и обидот за самоубиство. Нејзините родители доживеале доста потресна ситуација кога Едебал пробала да се убие. Сакала до скокне од 17 кат во текот на рехабилитацијата.
 
-Не планирав да скокнам за да се убијам. Сакав да се разбудам од сонот. Мислев дека кога ќе скокнам, ќе престанам да ја сонувам оваа ноќна мора.