Емотивна исповед на Биба Додева: Ја најдов другарка ми на смртна постела
Пејачката и претседател на здружението „Борка“ Биба Додева раскажа интимна приказна на Конференцијата за 200 жени претприемачки, која се одржа завчера во Скопје.
-Пред неколку години, се слушнав со едни мои пријатели со кои што се немав видено подолго време. Разговарав со сопругот на мојата блиска пријателка. Во неврзан муабет, прашувајќи ги како се и што прават, почувствував дека нешто не е во ред и добив некоја потреба да ги видам. Им реков, чекајте ме, доаѓам кај вас веднаш. Ни на крај на памет не знаев што ме чека таму, рече Биба во емотивниот говор кој ги растажи присутните, пренесе Женски магазин.
„ Кога стасав, ја видов другарка ми на смртна постела. Тоа за мене беше голем шок затоа што вооппшто не знаев дека е болна од рак“, продолжи Биба.
„Поради истата болест подоцна загубив еден куп драги луѓе, жени кои биле членки на здружението „Борка“ , а пред повеќе од една година и мајка ми. И знам дека секој од нив се прашува: Како е можно да се разболам кога редовно одам на преглед? И сите се прашуваат: зошто на мене да ми се случи ова, зошто токму јас? На некои прашања немаме одговор“, рече претседателката на „Борка“.
Таа им порача на сите жени присутни на конференцијата дека ќе биде многу среќна ако барем неколку од нив натера да закажат мамографски преглед, поради навремена превенција од несаканата болест.
„Без оглед на тоа што многу се чека на ред, вие закажете си, уште веднаш“, рече Додева.
Биба раскажа и дека откако има внук, многу поинаку гледа на животот и повеќе се грижи за своето здравје.
Ново на Сител
-
Пикси пред промоција во нов селектор на Србија
-
Пановски: Ако дојде кинеската вакцина утре, јас прв ќе се вакцинирам
-
Рома најверојатно продолжува со Алегри
-
Букмејкерите започнаа да го сметаат Леброн за главен кандидат за МВП
-
Конте: Реализацијата е нашиот најголем проблем
-
Тухел сака да го види Халанд во Челзи
-
Медиуми: УЕФА сè уште планира ЕУРО 2020 да се одржи во 12 градови
-
Повеќе од 200 обвинети за насилствата во Вашингтон, за уште 400 се води истрага