Џет-Сет
9. May 2017 - 13:36

Емина Јаховиќ за разводот: Кога среќата ќе престане, време е да се тргне понатаму!

Братот на Емина неодамна го доби синот Адем, и тоа во нивното семејство донесе многу среќа, па фановите на познатата пејачка се прашуваа дали таа можеби планира да роди трето дете.

Реакцијата на пејачката и нејзиниот одговор збуни многумина:

-О не, никако! Барем засега немам такви амбиции. Јаман и Јавуз ме исполнуваат целосно, и успевам во она што одамна си го зацртав, а тоа е да бидам добра мајка, сопруга и успешна во работата. Не е лесно да се биде мајка, но јас знам добро зошто млада станав мајка, би сакала да имам уште едно дете, но не сега, рече Емина.

Емина искоментира и зошто во денешно време двојките се почесто се разведуваат и објасни дека треба да се разијдат тогаш кога со таа личност повеќе нема да бидат среќни:

-Мислам дека луѓето се самостојни немаат толеранција едни за други. Мислам дека човек треба да остане во брак или во врска се до оној момент додека е среќен. Оној момент кога чувството на среќа ќе престане, мислам дека време е да се тргне понатаму...