Џет-Сет
4. September 2018 - 11:27

Емина Јаховиќ си најде нов Турчин

Пејачката Емина Јаховиќ (36) се разведе од турската музичка ѕвезда Мустафа Сандал и не чекаше долго да најде нов избраник кој, веројатно, треба да ја теши од разводот.

Според упатените турски медиуми нејинин избраник е турскиот милионер Садетин Саран (54) и, според турските медиуми, тие се во врска веќе месец дена. На прашањето околу оваа тема Емина вели дека не сака да дава одговори, но и не ја демантира врската.

Милионерот Садетин е роден 1964 година во САД но, се преселил во Турција уште како дете од 12 години. Таму бил успешен спортист, член на пливачката репрезентација на Турција, а бил и менаџер на Фенербахче, а сега е претседател на Саран Холдинг. Бил веќе женет два пати, и од претходните бракови има ќерка.

Со оглед на тешкиот карактер на Емина, нејзината каприцозност и склоност кон постојани забелешки за своите партнери, малку е веројатно дека Саран ќе има трет брак токму со неа.