Џет-Сет
25. April 2018 - 14:23

Емина Јаховиќ се огласи за наводната афера со поранешното момче

Пејачката Емина Јаховиќ во емисијата Ексклузивно проговори за наводите кои се пишуваа дека е во афера со Марко Мишковиќ, нејзина поранешна голема љубов, со кој како што се пишуваше ја обновила комуникацијата по разводот со Мустафа.

-Тоа е небулоза и глупост за човекот кој не сум го видела десет години. Бев многу вознемирена за таа приказна. Немам што да кажам на таа тема. Ме изнервира многу. Не е убаво ниту мене, а ни нему да ни се прави таков имиџ, особено што тој е во брак, вели пејачка.