Loading Video...
Спорт плус
2. April 2019 - 15:32

Емил Павлов очекува пласман на ОИ во Токио

 
Настапот на македонските каратисти на ЕП во Шпанија беше причина за денешната нивна средба во Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски. 
 
Можеби очекуваа и повеќе, но и едниот бронзен медал кој го освои Емил Павлов на шампионатот во шпанскиот град Гвадалахара, е голем успех за македонското карате, од кое во иднина се очекува и повеќе, особено што веќе на следната година ќе биде дел од ОИ. 
 
-Успешниот настап на нашите каратисти е уште еден доказ за нагорната линија по која оди спортот во држава, но и потврда дека каратето е спорт од кој најмногу очекуваме, и спорт кој ги подига спортските стандарди. Патеката по која се движат нашите каратисти води кон Токио, и јас искрено се надевам дека истата успешно ќе ја поминеме, со заеднички залагања, истакна Каевски.
 
-Континуитетот на остварување на медали од европските првенства е мотивација плус кон остварување на мојата животна желба, а тоа е пласман на олимписки игри. Моето учество на европските игри во Минск ќе го трасираат мојот пат кон Токио, и јас искрено се надевам дека ќе го поминам, изјави Павлов.
 
Тој додаде дека неговиот успех е успех на еден огромен тим составен од личен, кондиционен тренер, селектор, федерација која стои зад него, како и МОК и Агенцијата за млади и спорт, без кои не е можно да се оди во нагорна линија.
 
На прес конференцијата свое излагање имаа и тренерите на државните селекции во борби и кати, Жарко Арсовски, и Стојан Андриевски, како и освојувачката на петтото место во кати, Пуликсенија Јовановска.