Loading Video...
Свет
13. April 2021 - 12:21

ЕМА го проверува квалитетот на вакцината „Спутник В“

Експерти од Европската агенција од денеска почнуваат со проценката за квалитетот на вакцината Спутник В против Ковид-19. Според агендата Претставниците на ЕМА ќе ги посетат и производствените капацитети.

Досега претставниците на европското регулаторно тело посетија две клиники каде што се спроведуваат третите клучни фази од клиничките испитувања на Спутник. Европската агенција се уште не дава Зелено светло за Спутник, иако Унгарија, како членка на ЕУ, ја одобри руската вакцина на национално ниво по кратка постапка, а во меѓувреме неколку земји од ЕУ покажаа интерес за договор со Русија за набавка на вакцината.