Бизарно но вистинито
20. December 2017 - 13:56

Ема е вистинско чудо: Девојка родила бебe зачнато пред 24 години

Тина Гибсон, родилка од сојузната американска држава Тенеси, на свет донесе женско бебе чиј ембрион бил замрзнат пред 24 години, кога таа имала година и шест месеци.

Американскиот Национален центар за донација на ембриони соопшти дека тоа е всушност најдолго замрзнатиот ембрион кој се развил во фетус.

- Ема е вистинско чудо. Изгледа совршено, иако беше замрзната толку долго, изјави за Си-Ен-Ен нејзиниот иден татко Бенџамин Гибсон, сопругот на Тина, кој поради цистична фиброза бил неплоден.

- Таа и јас можевме да бидеме најдобри другарки, изјави младата мајка.

Девојка, чиј идентитет не е соопштен, го донирала ембрионот во 1992 година.