Џет-Сет
3. March 2016 - 10:54

Елтон Џон: На синовите ќе оставам пет отсто од богатството

Пејачот Елтон Џон (68) во неговите 50 години кариера заработи повеќе од 200 милиони фунти, а на синовите ќе остави само мал дел и тоа кога ќе наполнат 40 години. Секој ќе добие по околу 3,6 милиони фунти.

Елтон веќе 26 години е во врска со режисерот Дејвид Фурниш (53) со кој ги има синовите Захари (6) и Елаја (3).

- Нема ништо полошо од разгалени деца и млади луѓе кои не ја цената вредноста на трудот. Затоа момчињата помагаат во градината, ги местат играчките и така ќе продолжиме да ги воспитуваме, рече Елтон.

Го поддржува и колегата Стинг (64) кој на децата ќе им овозможи само школување.