Фудбал
24. July 2019 - 12:34

Елмас: Среќен сум што ќе играм за Наполи

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас вчера ги помина лекарските прегледи во клиника во Рим, а подоцна им се приклучи на своите нови соиграчи во тренинг кампот. Неговата презентација е закажана за утре.

Елмас даде и кратка изјава за медиумите по потпишувањето на договорот.

– Среќен сум и возбуден што ќе играм за Наполи. Ова е моја голема шанса, предизвик да им покажам на сите колку вредам“, изјави Елмас по потпишувањето со Наполи.

Инаку трансферот на македонскиот репрезентативец од Фенербахче во Наполи е за сума од 16 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Тој потпиша петгодишен договор со италијанскиот клуб.