Фудбал
28. September 2017 - 17:35

Елмас претставен како голема ѕвезда на Фенербахче

 
 
 
 
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас по потпишувањето на петгодишниот договор со Фенербахче беше претставен како голема идна ѕвезда на клубот.
 
Турскиот тим одржа и прес конференција на која покрај Елмас беа претставени и двете нови засилувања на клубот Винсент Јансен и Луис Нето.
 
– Среќен сум што сум дел од голем клуб како Фенербахче. Овој потпис за мене е само остварување на сонот, бидејќи моето семејство и многу мои пријатели навиваат токму за овој клуб. Се надевам дека ќе бидам успешен. Ќе почекам и до јануари за да добијам право на настап и ќе можам добро да се прилагодам на турскиот фудбал. На крај поздрав и до мојот добар пријател, Перо Антиќ, кој имаше голема улога за моето доаѓање, изјави на презентацијата Елиф Елмас.
 
Македонскиот репрезентаивец пред неколку дена наполни 18 години и доби право да потпише професионален догвор со Фенербахче. Во редовите на турскиот тим Елмас дојде од екипата на Работнички.