Loading Video...
Фудбал
9. July 2019 - 15:54

Елмас пред „сигурен“ трансфер во Наполи

 
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е пред речиси „сигурен“ трансфер во Италија. 
 
Како што пренесуваат тамошните, но и турските медиуми, Елмас дресот на турскиот Фенербахче ќе го замени со дресот на италијанскиот вицепрвак Наполи, 
 
Според информациите веќе е постигнат договор меѓу двата клуба, а неофицијално на Фенербахче ќе му исплати 15 милиони евра и дополнителни бонуси. 
 
Елмас кој во 2017 година од Работнички мина во Фенербахче, сега останува само да ги мине редовните лекарски прегледи по што се очекува да го официјализира својот трансфер во еден од најдобрите италијански тимови, за кои своевремено настапуваше и Горан Пандев (од 2011 до 2014 година).