Ракомет
14. December 2015 - 19:42

Елиминиран светскиот шампион и вицепрвакот

По одигрувањето на натпреварите од 5. коло од групите познати се осминафилистките на Светското првенство во ракомет за жени што се одржува во Данска.

Синоќа во еден од најинтересните дуели Црна Гора го победи домаќинот Данска, додека единствено селекцијата на Русија во натпреварите по групи имаше максимален учинок – пет победи. И светскиот првак Бразил без пораз се пласира во следната рунда.

Резултати на натпреварите од 5.коло:
А група: Данска – Црна Гора 21:23, Тунис – Србија 21:43, Унгарија – Јапонија 31:21.
Табела: Црна Гора 9 бодови, Унгарија 8, Данска 6, Србија 5, Јапонија 2, Тунис 0.
Б група: Куба – Шведска 25:49, Холандија – Полска 31:20, Кина - Ангола 29:32.
Табела: Холандија 9, Шведска 9, Полска 6, Ангола 4, Кина 2, Куба 0.
Ц група: Аргентина – Јужна Кореја 22:29, Бразил – Франција 21:20, Конго – Германија 19:37.
Табела: Бразли 9, Франција 7, Германија 6, Јужна Кореја 6, Аргентина 2, Конго 0.
Д група: Порторико – Казахстан 30:27, Романија – Русија 27:30, Норвешка – Шпанија 29:26.
Табела: Русија 10, Норвешка 8, Шпанија 6, Романија 4, Порторико 2, Казахстан 0.

Денеска на шампионатот е слободен ден. Во осминафиналето на 13.декември во недела ќе играат: Данска – Шведска, Србија – Холандија, Бразил – Романија и Германија – Норвешка.

Во другите осминафинални дуели на 14.декември (понеделник) двојките се: Полска – Унгарија, Црна Гора – Ангола, Шпанија – Франција и Русија – Јужна Кореја.