Бизнис
18. January 2017 - 19:43

ЕЛЕМ не се откажува од изградбата на Бошков мост иако ЕБОР го повлече кредитот

Државните електрани нема да се откажат од  хидроелектраната Бошков Мост иако ебор го повелече кредитот.  Како што велат од компанијата, проектот е значаен за зголемување на домашното производство на електрична енергија, а паралелно ќе помогне да се зголемат и количините на струја произведени од обновливи извори.

-  Изготвена е целосна документација во однос на заштитата на животна средина согласно законите на Република Македонија, политиките на ЕУ , како и политиките за заштита на животна средина на ЕБОР.Направена е анализа на влијанието врз животната средина  вклучувајќи ги големите цицачи, а со тоа и Балканскиот рис. Врз основа на тие анализи се предвидени мерки за избегнување или намалување на влијанијата од изградба и работа на хидро-енергетскиот систем врз биолошката разновидност. Проектот е само одложен како резутата на препораките на Бернската Конвенција. Од досегашните сознанија во врска со отворениот случај во Бернската конвенција, проектот Бошков Мост нема да има влијание врз популацијата на Балканскиот рис, се вели во соопштението на компанијата.

Од ЕЛЕМ посочија дека поради   развојните активности на ХЕЦ Бошков МОСТ компанијата немала потреба од повлекување на парите од кредитот на ЕБОР.  По завршувањето на 5-годишниот период на важноста на договорот за кредитирање на проектот, неговото обновување  ќе значеше зголемени финансиски импликации поврзани со одржувањето на кредитната линија, велат од ЕЛЕМ.

Вчера Европската банка за обнова и  развој го повлече кредитот од 65 милиони евра пари кои стоеа на располагање за Бошков мост . И од банката потврдија дека рокот на кредитот е истечен и поради тоа е повлечен.

-Кредитот беше достапен пет години, но до истекот на рокот не се повлекуваа средства за  изградба на Бошков мост, рокот за користење истече и кредитот е откажан, стои во соопштението на ЕБОР

Хидроцентралата Бошков мост ЕЛЕМ има намера да ја гради во национланот парк Маврово. Еколошката дозвола од министерствотот за животна средина е издадена во 2012 година.

Бошков мост е проектиран со капацитет од 70 мегавати годипно би произведувал околу 118 гигават часови електирчна енергија.