Бизнис
15. јуни 2017 - 20:35

ЕЛЕМ најави инвестиции од 80 милиони евра

Објавен тендерот за набавка на опрема за  ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола. Станува збор за инвестиција од 34 милиони евра, пари кои ги обезбеди ЕЛЕМ , од сопствени средства. Од компанијата велат дека со оваа набавка заштедите ќе бидат значителни , затоа што годишно се плаќале од милион до 20 милиони евра, за користење на градежната механизација од други фирми

- Очекувам сега трошоците драстично да се намалат, а со тоа вредноста на нашиот производ да биде поголема, изјави Христијан  Мицкоски., генерален директор на ЕЛЕМ.  Додаде дека се очекува целата постапка за набавка на опрема да биде реализирана за шест до девет месеци и веќе од следната година да може да се користи.

Мицковски објави и дека денеска пристигнало одобрението од КФВ банката, дека нема никакви забелеши за објавување на јавниот повик за изградба на систем за топлификација во Битола. За овој проект се одобрени 46 милиони евра, од кои 39  кредит од банката, а 7 од сопствени средства.

- Со изградбата  на топлификација за Битола со можност за приклучување на соседните општини Новаци и Могила ќе се искористи отпадната топла вода во процесот на производство на електрична енергија во РЕК Битола за загревање на домовите на граѓаните, но и за загревање на земјоделските пластеници. Овој проект не само што поволно ќе влијае на приходната состојба на компанијата, туку ќе придонесе за подобар конфор на живеење на граѓаните и за намалување на загадувањето во Битолско, изјави Мицкоски.

Првиот човек на ЕЛЕМ, од редовите на ВМРО се надева дека неговиот наследник нема да ги поништи овие значајни проекти , кои ќе придонесат за намалување на производстната цена на струјата.