Македонија
20. March 2019 - 16:28

ЕЛЕМ, Македонски пошти и МИА добија нови имиња, согласно Преспанскиот договор

На вчерашната седница на Владата се утврдени новите називи за ЕЛЕМ, Македонска Пошта и МИА сдогласно догворот од преспа. Новото име  на МИА отсега ќе  биде  Медиумска информативна агенција –Скопје, ЕЛЕМ ќе се вика Електрани на Северна Македонија –ЕСМ, а новиот назив на „Македонска пошта“ ке гласи  „Пошта на Северна Македонија“.  Од Владата информираат дека  се абрааат решенија за преименување и на МАНУ и АРМ, но дека кратенката за  академијата си останува.

Се очекува македонските академици на утрешната седница да расправаат дали и каква ке биде промената на називот на академијата. Сепак, во воздух се уште виси и прашањето за користењето на брендот Македонија на производите од двете земји.

Преспанскиот договор предвидува ова прашање да се решава на ниво на бизнис заедниците, но грчката страна е загрижена дека веке ја губи битката на ова поле.  Како пример ја наведуваат Кина, која го одби барањето на компаниите од северна Грција да го користат терминот македонија на своите производи доколку за тоа одобрение не даде македонската страна.

Во меѓувреме, од владата потврдија дека грчкиот премиер ќе ја посети земјава, но не го откриваат датумот. Грчките медиуми пак објавија дека Ципрас на втори април ќе ја оствари посетата на Скопје.