Бизнис
23. November 2017 - 20:15

ЕЛЕМ ќе биде првата компанија која ќе го користи пронајдокот на младите генијалци, наградени од НАСА

ЕЛЕМ е првата компанија која  ќе го примени пронајдокот на младите генијалци кои  беа наградени од американската  вселенска агенција НАСА. Нивниот иновативен  уред –сензорот за мерење  соларна енегрија ЕЛЕМ ќе го користи за избор на локацијата каде треба да биде поставена новата фотоволтаична централан на компанијата  со моќност од 10 магавати. За уредот интерс има и од други но планот е  прво да се рпомовира тука, а потоа и во Европа и САД.

Соларниот сензор освен на  фирмите ќе им биде од голема корист и на домаќинствата да ја најдат точната локација која ќе биде најпогодна за поставување на панели за  искористување на сончевите зраци за добивање на енергија. Само на ововј начин ќе се зголеми и искористеноста на обновливите извори  кои сеуште малку се користат иако Македонија ги има во изобилство.

Петтмината млади истражувачи од земјава Александар Момировски, Дамјан Постоловски, Јаков Докузов, Павел Ѓорѓоски и Борче Ангеловски пролетва победи на светскиот натпревар во НАСА. На уредот работеле  шест месеци. Тие сега се студенти во прва година.  Но решиле сами да настапат на натреварот. Од факултетот и од бизнис сектор засега немаат подрка но се надеваат дека во идина ќе а добијат затоа што само така Макеоднија ќе стане дел до мапата на иновативни направи.