Бизнис
25. December 2017 - 21:20

ЕЛЕМ и МЕПСО со позајмица ќе обезбедат половина плата за железничарите

Елем и Мепсо ќе дадат плата  на железница. Пред два дена владата донесе одлука двете компании да обезбдета средства од своите буџети како заем за  исплата на ноемвриската плата на вработените во Македонски железници.

Вкупно двете фирми за оваа намена ќе издвојат околу 700 илјади евра или половина од парите кои се потребни за исплатата на платите.

Заемот од Мепсо е околу 162 илјади евра.

Мепсо даде позајмица на МЖ Транспорт од 10 милиони денари со меница како обезбедување. Позајмицата е одобрена од акционерот т.е. Владата на Р.Македонија, се вели во дописот од компанијата

МЖ Транспорт пак од Електрани на Македонија побарал заем од 500 илјади евра.

АД ЕЛЕМ доби барање од МЖ Транспорт за позајмица од 500 илјади евра. Управниот одбор на АД ЕЛЕМ донесе одлука за одобрување заем, по што таа одлука беше верификувана и од Надзорниот одбор.

МЖ Транспорт достави и гаранција до Елем односно обезбедување на средствата. Врз основа на тоа утре ќе се потпише договор за заемот по што Елем ќе ги исплати средствата. Договорот  ќе биде со рок на враќање од една година, се вели во дописот од електрани на Македонија.

Од  раководството на претпријатието велат дека се прават напори што е можно поскоро да завршат сите законски процедури за да може на сметката на компанијата да легнат парите од МЕПСО и ЕЛЕМ кои потоа ќе бидат распределни за плати на сите вработени, на  оние од транспорт, инфраструктура и на Колска Велес.

Вкупно за плати во железница се потребни околи 1,4 милиони евра. 50 отсто се од држваните компании остатокот или околу 760 000 евра ќе ги обезбеди железница од својот буџет.

Вработените засега нема да штрајкуваат затоа што добиле информација дека до крајот на неделава ќе им биде исплатена во целост платата за ноевмри.

Пред извесно време вработените во железница излегоа на протест освен заостанатите плати побараа во идина тие примањата да ги добивата во целост а не  како досега во два дела.