Македонија
28. October 2015 - 13:38

Електронско прибирање на податоци во Државниот завод за статистика

Државниот завод за статистика соопшти дека во насока на осовременување на производството на официјални статистички податоци спроведува  електронско прибирање на податоци преку системот Е-стат.

Овој систем е наменет, пред сѐ, за компаниите и институциите и значително го олеснува процесот на доставување на статистички податоци, го намалува потребното време за пополнување на прашалниците и се редуцираат трошоците за компаниите – извештајни единици.

- Придобивките од воспоставувањето на овој систем се големи како за компаниите, така и за Заводот. Со системот за електронско прибирање на податоци се обезбедува зголеменa ефикасност на статистичките процеси, навремено производство на висококвалитетни статистички податоци со намалени  трошоци, а истовремено се влијае на намалувањето на оптовареноста на давателите на податоци, се вели во соопштението од Државниот завод за статистика.