Здравје
25. October 2019 - 8:48

Електронските цигари можна причина за смртта на 34 луѓе во САД

Американскиот Центар за контрола и превенција од болестите соопшти дека во САД од мистериозно белодробно заболување починале 34 лица. Болеста се поврзува со употребата на електронски цигари.

Според Центарот мистериозното белодробно заболување е регистрирано кај 1.604 лица во различни места во САД, а 34 потврдени случаи имало во 24 американски сојузни држави.

Иако точно не е утврдена причината за белодробното заболување, Центарот за контрола и превенција од болестите истакнува дека заедничко кај сите заболени е употребата на електронски цигари.

До сега во Европа нема податоци за белодробната болест.