Македонија
10. February 2020 - 10:43

Електронска верзија на монографијата „Кратка историја на Општина Македонска Каменица“

Објавена е електронската верзија на монографијата „Кратка историја на општина Македонска Каменица“ од професор Горан Митевски. Делото, како што истакна самиот автор, е посветено на историјатот на Македонска Каменица од неолитот до создавањето современа рударска населба.
 
-Идејата за овој труд кој деновиве го имаме во електронска верзија, потекна уште од моите студентски денови (1997-2001). Материјалите од кои произлезе оваа брошура беа внимателно собирани, селектирани и препрочитувани неколку месеци, а на брошурата е работено околу два месеца и таа во електронска форма е направена пред девет години. Светлото на денот во пишана форма со тврд и мек италијански подвез го здогледа на празникот Успение на Пресвета Богородица година дена подоцна, вели авторот Митевски.
 
Тиражот на брошурата која е издадена со поддршка на Рудник Саса е 500 примероци, а истата,  информира авторот, има и англиско издание.
 
Освен ова дело, претходно Митевски ја има издадено и монографијата 30 години – КУД „Вера Јоциќ“.