Македонија
5. July 2019 - 16:47

Електричната инсталација најчеста причина за пожар во станбените згради

Најголемиот дел од пожарите во станбените објекти се предизвикани од електричната инсталација.  Причина за пожар со сериозна штета и последици  може да биде и најобичен полнач за телефон или продолжен кабел. Токму затоа од дирекцијата за заштита и спасување препорачуваат ваквите уреди задолжително да се исклучуваат од напојување, посебно во овој период од годината кога масовно се заминува на годишни одмори, а станбените објекти се оставаат без надзор. Праксата покжала дека во овие  периоди  дури 80% од пожарите биле предизвикани токму на овој начин.

Освен проверка на електричната инсталација и исклучување на уредите од напојување,  од дирекцијата за заштита и спасување препорачуваат секогаш кога се заминува од дома на повеќе денови задолжително да се обезбеди и контрола од друго лице. Според нив на овој начин,  во случај на несакани појави многу полесно ќе може да се интервенира и да се спречат евентулани штети и посериозни последици.