Кошарка
30. October 2015 - 7:55

ЕЛ:Цедевита го изненади Ефес

Кошаркарите на Цедевита направија големо изненадување во Евролигата откако во Истанбул го совладаа тимот на Ефес Пилсен со 81-75.

Турскиот тим водеше во текот на целиот меч но ја загуби победата во последната четвртина која гостите од Загреб ја добија со 27-17.
Лука Бабиќ беше лидер на тимот со 14 поени, 9 скокови и 5 асистенции.